Со Mitsubishi Fuso нудиме сигурен и ефикасен транспорт за средни и поголеми пратки. Со товарен капацитет од 27,3 m³ (5,2 m × 2,1 m × 2,5 m) и носивост до 4.000 kg, ова возило е идеално за палетизирана роба, мебел, техничка опрема, градежен материјал и комерцијални пратки. Опремен со хидраулична рампа за лесен и безбеден утовар и странична ролетна церада за брз пристап до товарот, Mitsubishi Fuso овозможува флексибилност, брзина и максимална ефикасност при испорака.
НАПОМЕНА:
Цената зависи од димензиите, тежината, релацијата и типот на пратката.
Прикажаните цени се информативни и се однесуваат за 1 парче / 1 единица.
Точната и конечна цена ќе Ви биде доставена по e-mail, телефон или Viber по разгледување на сите детали за транспортот.
Ви благодариме на разбирањето.